Во тек се аранжманите за Нова Година и Зима 2017/18 - За повеќе информации обратете се преку нашиот контакт или директно во агенцијата. Ви благодариме.
Restoran-A2-Vranje-2018 Belgrad-Nova-Godina-2018-2 Early-Booking-Zima-2017-2018 Online-Avio-Bileti

Истанбул - 11-ти Октомври 2017

1 ден 07.10.2017 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата спроти СЦ Борис Трајковски во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 08.10.2017 ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот. Сместување во хотел. Слободно попладне. Потоа факултативно заминуваме во ноќен клуб  со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 09.10.2017 ИСТАНБУЛ

Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство(факултативно): со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА, ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем. Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода.

Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Излетот е факултативен. Вечерта факултативно ве носиме на Азиската страна на Истанбул. Ќе го видите најголемиот и  најпознат мост во Истанбул, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Го посетуваме најубавиот дел дел од градот – Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе и вечерате покрај Босфор. Потоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 10.10.2017 СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

Појадок. Организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Потоа заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени (Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула), Султанската палата Чираган… палатите од Турските ТВ серии… За крај , ве водиме во голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 11.10.2017  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109€/6.750 денари  

 

Во цената на аранжманот e вклучено:

  • превоз со високотуристички автобуси на дадените дестинации
  • сметување во хотел со 3* во Истанбул – 2 НП (ноќевање + појадок)
  • разглед на Истанбул со локален водич
  • професионален туристички пратител за време на целото патување
  • организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Крстарење по Босфор – 15€
  • Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз и влезница во палатата и влезница во харемот – 35€
  • Отомански – Византиски Истанбул: превоз со автобус и локален водич – 10€
  • Топ Капи – 15€
  • Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 15€
  • Харемот во Топ Капи – 10€
  • Посета на Азија со автобус и водич – 10€
  • индивидуални трошоци

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Мерион Травел

Оли Травел - Куманово
Слаткарница Зафир - Куманово
Ирски паб