Нова Година 2019 - Попусти за рани резервации - За повеќе информации обратете се преку нашиот контакт или директно во агенцијата. Ви благодариме.
Nova-Godina-2019 Online-Avio-Bileti

Сараево - Мостар - 8-ми Март 2018

(СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА) 

1 ден 08.03.2018              КУМАНОВО
Состанок на група на место одредено од представник   на агенција во 23:30ч  тргнување во 24:00ч.  Патувањето продолжува преку граничен премин Табановце ноќно возење преку Република Србија со попатни паузи и гранични формалности.

2 ден 09.03.2018              САРАЕВО
Пристигнување во Сарајево  во претпладневните часови. Сместување и разглед на хотелот со можност за  краток одмор. Следува разгледување  на градот со туристички водич : Стара градска чаршија со Баш Чаршија ,Принципов мост ,Општина ,Гази Хусрева-Бегова Џамија ,Стара Православна Црква и Катедрала и слободно време Баш Чаршија. Враќање во хотел... Вечера. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3ден 10.03.2018               САРАЕВО-МОСТАР
Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Мостар ,  градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град кој реката Неретва со векови ги дели културните и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почуствуваат на секој агол. Посета на: Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век, саат кулата, Караѓорѓева џамија, Коски Мехмед-Пашина Џамија... Во попладневни часови враќање кон Сараево. Слободно време за индивидуални активности. Свечена вечера со музика. Ноќевање.

4 ден 11.03.2018              САРАЕВО-КУМАНОВО
Појадок. Напуштање на хотелот... Прошетка низ Баш Чаршија... Заминување кон Македонија...  Патувањето продолжува со попатни паузи и царински формалности... Пристигнување во Македонија во касни  вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 6.900,00

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација(Оли –Травел)

- Сместување во хотел,http://www.hotel-hollywood.ba/" на база 2 полупансиони( појадок и вечера)

- Свечена вечера со музика

- Гратис  карти за Термална ривиера , користење на базен , сауна  и фитнес , WI-FI

- Разглед на Сараево  со туристички водич

- Посета на Мостар

- Организација на аранжманот  и пратител на група

Во ценатана аранжманот не е вклучено :

- Влезници за места кај што влезот не е бесплатен

- Осигурување

- Tуристичка такса  

Напомена:

- За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници.

- Цената е дадена по лице,за сместување во стандардни соби

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62Ден

- За овој аранжман важат општите услови за патување на Мерион Травел

- Пасошот треба да важи минимум 4 месеци од завршувањето на патувањето

Оли Травел - Куманово
Слаткарница Зафир - Куманово
Ирски паб