Во тек се аранжманите за Лето 2018 - За повеќе информации обратете се преку нашиот контакт или директно во агенцијата. Ви благодариме.
Leto-na-planina-2018 Leto-2018 Online-Avio-Bileti

Азурен Брег - 8-ми Март 2018

1 ден 07.03.2018 СКОПЈЕМИЛАНО

Состанок на групата во 11:30ч. и поаѓање во 12:00ч. од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 08.03.2018 МИЛАНО

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за  шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел. По краткиот одмор, се упатуваме на организиран разглед на градот (факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 09.03.2018 МИЛАНО – НИЦА

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 10.03.2018 НИЦА – СЕНТ ТРОПЕЗ – КАН – АНТИБ

Појадок. Следи целодневен факултативен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан (90km) . Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

5 ден 11.03.2018 МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна факултативна посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници. Слободно време за посета на казината. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6 ден 12.03.2018 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199/ 12.330 ден.


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • сместување во Ница во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок
  • разглед на Ница и Монако
  • Посета на FRANCIACORTA OUTLET VILLAGE шопинг центар
  • организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
  • Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Штип и Велес

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување (групно, без франшиза) – 5€
  • Разглед на Милано со локален водич – 10€
  • Посета на Ез, Монако и Монте Карло– 20€
  • Посета на Кан и Сент Тропез – 30€
  • Туристичка такса во Милано (3- 5по лице на ден)
  • Туристичка такса во Ница (1€ по лице на ден)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Напомена: за реализација на овој аранжман како и за факултативните излети се потребни  минимум 45 патници!

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Мерион Травел

Оли Травел - Куманово
Слаткарница Зафир - Куманово
Ирски паб