Нова Година 2019 - Зима 2018/19 - Попусти за рани резервации - За повеќе информации обратете се преку нашиот контакт или директно во агенцијата. Ви благодариме.
Novi-Sad-Nova-Godina-2019-Early-Booking Nova-Godina-2019 Zima-Early-Booking-2018-2019 Online-Avio-Bileti

ОКТОБЕРФЕСТ МИНХЕН 2018

Минхен – Баварска “Метропола со душа”, еден од најубавите градови во Германија, културен и боемски центар, град со бројни историски споменици кои зборуваат за вековните Баварски владетели од династијата Вителсбах, многубројни ремек дела од модерната технологија и архитектура како што е и познатата Алианс – Арена. Светски центар на саеми, град на пивници и Октоберфест кои ги обврзуваат посетителите да ја почуствуваат типичната баварска атмосфера со свежо точено пиво и коленица.

Октоберфест е настан кој секоја година привлекува милиони посетители кои ги посетуваат халите на познатите минхенски пивари и разните атракции во забавниот парк. Октоберфест за прв пат се одржува на 12-ти октомври 1810 год. во чест на одбележувањето на бракот на трононаследникот Лудвиг и принцезата Тереза фон Сахсен-Хилдбургхаусен. Фестивалот бил затворан со коњски трки и во следните неколку години трките продолжиле и со текот на годините се стигнува до она што денес се нарекува Октоберфест.

1 ден 28.09.2018 Скопје – Минхен

Состанок со групата во 14.00 часот на паркингот на хотел Вип, спроти Скопски саем, тргнување за Минхен во 14.30 часот. Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска, Словенија и Австрија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Организиран трансфер од: Струмица – Штип, Кавадарци – Велес и Битола – Прилеп.

2 ден.29.09.2018 Езеро Кимсе (Розенхајм) – Регенсбург

 Пристигнување во претпладневните часови. Посета на најголемото баварско езеро, Кимсе (Chiemsee). Возење со брод до остров Херенкимзе, како и посета на Новата кралска палата, домот на кралот Луј XIV од Франција, посета на музејот Лудвиг II, во кој е раскажан неговиот живот низ насликани портрети и историски фотографии како и посета на манастирот Авгунистијан во кој е претставена баварската историја. Сместување во Регенсбург во хотел во попладневните часови.Ноќевање.

3 ден. 30.09.2018 Минхен – Октоберфест

Појадок. После појадокот заминување за Минхен. Факултативна посета на Музејот на BMW и фудбалската арена Алианс. Посета на Пиво фест „Traditional concert of the Oktoberfest brass“. Слободно време за забава и рекреација. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

4 ден. 01.10.2018  Регенсбур

Појадок.  После појадокот следи разглед и прошетка во градот Регенсбург неговото културно историско наследство. Слободни време индивидуална прошетка и слободно време во центарот на градот. Во попладневните часови следи  шопинг во Arcaden Mall. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден. 02.10.2018 Минхен – Октоберфест

Појадок.После појадокот напуштање на хотел и заминување за Минхен. Прошетка на плоштадот „Marienplatz“ старта градска палата и строгиот центар на Баварската престолнина МИНХЕН. Посета на Пиво фест – Family day: all rides and performances cost less. Слободно време за забава и рекреација. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

6 ден. 03.10.2018 СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во пладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 279€

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус (не постар од 5 години)
    · 3 ноќевања со појадок во хотел*** во Регенсбург
    · Разглед на Минхен, Регензбург и посета на Пиво Фест
    · Организација на аранжманот и придружник за време на целото патување

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Излет во Херекимзе – задолжителна доплата од 35 евра (влезници за Herrenchiemsee New Palace, музејот Лудвиг II и манастирот Авгунистијан и карта за брод Приен – Херекимзе – Приен)
  • Факултативна посета на Музејот на BMW (20 евра)
  • Факултативна посета на Фудбалска арена Алианс (20 евра)
  • Задолжително патничко – здравствено осигурување (150 денари)

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Мерион Травел и СКТМ

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Оли Травел - Куманово
Слаткарница Зафир - Куманово
Ирски паб